За нас

Куќата на Уметноста е оддалечена 6 км од центарот на Кичево. Локацијата е во Кнежино, на 960 метри надморска височина опкружена со густа борова и костенлива шума.

Располага со 23 соби, односно 80 легла, од кои два апартмани. Има безжичен интернет, кабелска телевизија, фитнес сала, ресторантски дел, галерија со голем број на уметнички дела, како и скулптури околу и во куќата, сали погодни за разни свечености, семинари, работилници и др.